понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Според редоследот на раѓање до идеалниот партнер

Според редоследот на раѓање до идеалниот партнер

Според психолозите, редоследот на раѓање многу влијае на нашиот начин на однесување, како и на идните односи и пристапот до нив.

Психологот Кевин Леман го проучувал квалитетот на врската помеѓу 236 деловни директори и нивните партнери во зависност од редоследот на раѓање, открива Business Insider. Дошол до интересно откритие кое на многумина може да им послужи како ориентација како ќе изгледа нивната врска и колку ќе биде успешна.

Ако сте првородени:

Најлошата двојка за вас е: исто така првородена – ќе има многу борби за моќ бидејќи сте навикнати секогаш да бидете во право и сè да биде по ваша мерка. Во основа, сите несогласувања на овој пар се околу борбата за контрола и моќ во таа врска. Лекот е во прекинот на критиките и упорните обиди да се поправате еден со друг. Дефинирајте ги вашите улоги во домот прецизно така што и двајцата ќе бидете еднакви во куќата.

Вашиот најдобар пар е: најмалото дете – овие бракови се меѓу најуспешните. Најдобар можен пар е кога ќе се здружат првородената жена и мажот кој бил најмало дете во семејството затоа што совршено се надополнуваат.

Ако сте средно дете:

Вашиот најдобар партнер е: најмалото дете. Средното дете најчесто не се чувствувало загрозено од најмладото, па затоа е најлесниот начин да се комуницира со него. Тие се многу попустливи и кога е во прашање излегувањето, што е важно за најмалото дете – да има своја слобода и многу да се дружи. Во тој пар, важно е помалото дете да не ја искористува љубезноста на средното дете, па така и се создаде одличен пар.

Најлошиот партнер е: исто средно дете – средните деца по правило слабо комуницираат, а кога ќе се спојат двајца такви тогаш таа ситуација се множи. И двајцата молчат и наместо да разговараат, тие емоции ги задржуваат и ги собираат.

Средните деца остануваат најдолго во брак бидејќи научиле како да прават компромиси и да преговараат со браќата и сестрите.

Ако сте најмалото дете:

Вашиот најдобар партнер е: првороденото. Најстарото дете ќе го подучува најмладото на организација, а најмалото ќе внесе опуштена атмосфера во таа врска и ќе ги потсети најстарите дека не треба сѐ да сфаќаат толку сериозно.

Најлошиот пар е: исто најмалото дете. Две најмали деца во врска ќе направат хаос. Обично лоши се справуваат со финансиите, а се и лошо организирани, па двајца на едно место сигурно ќе имаат потешкотии. Доколку строго не се договорат кој што ќе прави, може да имаат проблеми во врската. Исто така, најмалите деца често знаат да ја префрлат вината на друг и не преземаат одговорност, па тоа може да им биде голем проблем. Леман сугерира дека најважното нешто за овој пар е да не се манипулира еден со друг.