Астрологијата открива на кого му се наклонети ѕвездите во текот на следната недела.
Само два дена не делат од средината на ноември – месец кој на многумина им донесе неверојатни промени. Доживеавме затемнување на крвавата месечина, кое следниот пат ќе можеме да го видиме дури во 2025 година. Месечниот хороскоп предвидуваше голем број различни настани, но одредени знаци ги следи само среќа.
Три знаци од хороскопот ќе имаат на што да се радуваат: ги очекуваат финансиски придобивки, романтична енергија и долгоочекувани можности. Ќе почувствуваат се што сакале да им се оствари, а астрологијата открива на кого ѕвездите ќе му бидат наклонети во неделата од 14 до 20 ноември 2022 година:
ЛАВ
Ве очекуваат добри можности и многу понуди за личен раст и развој. Вашата храброст може да дојде до израз особено овие денови. Ризиците кои ги презедовте во претходниот период конечно можат да ви се исплатат повеќекратно, ќе бидете воодушевени од финансиската состојба. Сите кои се во брак ќе го освежат шармот на заедничкиот живот, ќе си ја вратат страста и ќе имаат можност да уживаат во необични изненадувања од партнерите. Слободните Лавови запознаваат личност која ќе ги освои „од прва“, а ова може да биде нивната сродна душа. Опуштете се и уживајте во наредните денови!
СКОРПИЈА
Дури и да сте малку мрзеливи, среќата е на ваша страна! Се ќе правите со неверојатна леснотија, а успесите само ќе се нижат. Ќе бидете многу популарни и посакувани, многумина ќе ве прашаат како успевате да постигнете се. Ако имате нерешена документација поврзана со имот, недвижен имот или скапи набавки, ова се идеални денови да го решите тоа! Скорпиите деновиве ќе горат од страст, а за тоа е најзаслужна позитивната енергија со која ќе зрачат. Искористете ги вашите пет минути и бидете хедонист!
СТРЕЛЕЦ
Деловните резултати се на задоволително ниво и затоа, вашиот паричник е подебел. Ве очекува парична добивка, а советот е да се почестите со добар шопинг. Партнерот може да ве изненади со неочекувано патување, особено ако е свесен за вашата неостварена желба. Овие денови ќе внесат позитивна енергија во вашиот живот, ќе бидете среќни како никогаш досега. Не пропуштајте ги можностите што ви се нудат и почувствувајте ја наклоноста на ѕвездите која ви е дадена!