вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Викенд хороскоп – соништата им се исполнуваат на овие знаци, особено еден знак го очекуваат големи турбуленции

Викенд хороскоп – соништата им се исполнуваат на овие знаци, особено еден знак го очекуваат големи турбуленции

Што ни носи последниот викенд од август?

Овен

Месечината во Лав во петок ја активира вашата страст и креативност. Квадратот меѓу Сонцето во Девица и вашата владејачка планета Марс е проследен со квадратот меу Месечината во Девица и Марс. Ова ве исполнува со изобилство на свежа и продуктивна енергија. Само бидете внимателни, бидејќи лесно би можело тоа да се претвори во фрустрација. Младата Месечина во вашиот сектор на здравје ви носи одличен начин да ја насочите оваа енергија за подобри навики.

Бик

Месечината во Лав ја насочува вашата енергија кон домот и семејството, додека пак квадратот меѓу Уран и вашата владејачка планета Венера го нагласува конфликтот меѓу вашата потреба за слобода и пријатно чувство. Младата Месечина во Девица во сабота ги буди вашите романтични чувства. Во недела, опозицијата меѓу Венера и Сатурн ја насочува вашата енергија навнатре, поттикнувајќи ја самоанализата. Уживајте во опозицијата на Месечината во Девица со магичниот Нептун и забавувајте се онака како што ви годи.

Близнаци

Месечината во Лав ја потикнува вашата желба да се поврзете со другите, а квадратот меѓу Уран и Венера ви носи поттик да се насочите кон слободата и промените. Младата Месечина во сабота позитивно ќе влијае на вашите семејни односи, додека пак Сонцето во Девица и Месечината во квадрат со агресивниот Марс би можеле да предизвикаат мали кавги и несогласувања. Во недела се враќа мирот, а утринскиот тригон меѓу Месечината и Уран ве поттикнува да истражите нови можности.

Рак

Месечината е во вашиот знак денеска, а тоа ќе влијае позитивно на вашиот сектор на финансии. Квадратот на Венера и Уран носи некои ваши стравови на површина, а саботната млада Месечина ја подобрува комуникацијата на полето на љубовта во вашата карта. Сонцето е во Девица и во квадрат со Марс и Месечината може да предизвика несогласувања, па ви советуваме да бидете внимателни. Забавата е ваш приоритет во недела.

Лав

Месечината во Лав во петок ја поттикнува вашата самодоверба. Неочекуваните предизвици на работа би можеле дополнително да бидат засилени со квадратот меѓу Венера во Лав и Уран во вашата десетта куќа. Во сабота ни доаѓа младата Месечина во Девица што одлично ќе влијае на вашите финансии. Време е малку повеќе да се посветите на своите цели и амбиции. Внимавајте колку трошите.

Девица

Месечината е во Лав во петок и ги осветлува вашите соништа, додека пак квадратот меѓу Венера и Уран носи стимулација на вашиот ум. Тоа значи дека умот ќе ви биде активен постојано, а и во текот на ноќта, па затоа обрнете внимание на своите соништа. Во сабота, со младата Месечина во Девица се менува енергијата и сега можете да се посветите на новите почетоци кои ќе ви донесат супер возбуда. Исто така, ве очекуваат убави моменти и на полето на љубовта бидејќи опозицијата на Месечината и Меркур во вашата седма куќа ве турка во една слатка романса. Ако сте зафатени, ова е време за нежност со саканата личност.

Вага

Месечината во Лав ја поттикнува вашата потреба за дружење во петок, а квадратот меѓу Венера и Уран може да донесе несогласувања со вашите пријатели. Младата Месечина во Девица во сабота ве носи на едно духовно патување, па искористете го ова време за да бидете сами и да размислите.

Шкорпија

Месечината во Лав го осветлува вашето поле на кариера, додека пак квадратот на Венера и Уран за жал може да донесе неочекуван прекин на една професионална соработка. Младата Месечина во Девица во сабота става фокус на пријателството, па затоа погрижете се да поминете значајно време со оние кои ги сакате. Тригонот меѓу вашата владејачка планета Плутон и Месечината во недела навечер ве поттикнува да погледнете на една ситуација од сосема нов агол и да дојдете до нови сознанија.

Стрелец

Месечината во Лав во вашата деветта куќа ја поттикнува вашата љубов кон авантурите, но од друга страна квадратот на Венера и Уран во секторот здравје ве инспирираат да обрнете внимание на безбедноста. Младата Месечина во сабота му се придружува на сонцето во вашиот сектор на кариера. Време е за реализација на плановите и нови почетоци. Во недела можни се дополнителни приходи, благодарение на тригонот меѓу Месечината и Плутон во вашиот сектор на финансии.

Јарец

Месечината во Лав во петок на прво место ја става интимноста, додека пак квадратот на Венера и Уран може да донесе неочекуван прекин на комуникацијата или раскинување. Младата Месечина во Девица во сабота ве повикува да нурнете во нова тема која би сакале да ја истражите. Опозицијата меѓу вашата владејачка планета Сатурн и Венера во недела може да направи да се чувствувате осамено или изолирано. Од друга страна пак, опозицијата на Нептун и Месечината ве поттикнува да се поврзете со другите.

Водолија

Во петок, Месечината во Лав во осветлува партнерскиот сектор во вашата карта, а од друга страна пак, квадратот на Венера со Уран ја нагласува вашата потреба за слобода. Чудно ќе се чувствувате, но вие знаете што е најдобро за вас. Младата Месечина во Девица во сабота се фокусира на интимноста. Имате можност да осознаете каква врска сакате. За оние кои се во врска, квадратот на нестабилниот Марс и сонцето со Месечината во романтичниот сектор, носи мала криза во љубовниот однос.

Риби

Месечината во Лав ве поттикнува на грижа за себеси, а квадратот на Венера и Уран може да донесе неочекувана, па и тешка комуникација која влијае на вашата благосостојба. Во сабота, младата Месечина во Девица го насочува вашиот фокус кон односот со саканата личност. Време е за заедничка иднина. Употребете ја својата фантазија за да ја одушевите личноста која ви се допаѓа.