петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ ДВА ДАТУМИ ВО СЕПТЕМВРИ – едниот од нив е денес, на следниот кои ни доаѓа наскоро подгответе се за ова!

ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ ДВА ДАТУМИ ВО СЕПТЕМВРИ – едниот од нив е денес, на следниот кои ни доаѓа наскоро подгответе се за ова!

Два датуми во септември се специфични и може да им донесат проблеми на сите хороскопски знаци, предупредуваат астролозите упатувајќи и неколку препораки што треба да се избегнува и на што посебно треба да се внимава. Едниот ден е денеска, 10 септември, а вториот е на 26 септември.

Има и астролошко објаснување зошто се издвоени токму овие два дена.

Ретрограден Меркур

На 10 септември е почетокот на новиот ретрограден Меркур. Меркур ќе се движи во спротивна насока до 2 октомври, а во тој период нè очекуваат проблеми на полето на кариерата, работата и финансиите. Астролозите предупредуваат дека особено внимание треба да се обрне на самиот тој ден на транзиција.

Тогаш никако немојте да ризикувате со пари и со нови вложувања затоа што загубите се извесни. Поради тоа што Меркур е планета на комуникацијата, многу веројатно е дека во текот на овој период ќе имате и бројни недоразбирања, многу почесто од вообичаено. Исто така можно е и ширење на некои гласини и невистини, затоа верувајте само во проверени факти. На овој датум не е препорачливно ни заминувањето на пат.

За ситуацијата да биде уште покомплицирана, на 10 септември ќе се случи уште еден негативен настан – полна Месечина во знакот на Рибите. Ова е многу неповолна ситуација која создава внатрешна нерамнотежа. Токму затоа, денеска ќе ви биде ви биде тешко ден да ги завршите обврските.

Меркур во конјункција со Венера

На 26 септември пак, Меркур е во конјукција со Венера. Кога овие две планети ќе се најдат на иста страна од Земјата и ќе се спојат, неминовно доаѓа до големи неволји во сите области од животот. Поголем дел од луѓето тогаш ќе почувствуваат дека губат волја за работа, за напредок и за создавање. Период со ваква поставеност на планетите, носи чувство на незадоволство и апатија.