Постојат луѓе кои се доволно итри за да знаат како можат да ве освојат и присвојат. Според астрологијата, родените во знакот на Водолија се вистински друштвени камелеони кои ќе ве уверат дека токму тие се вашето совршено друштво.
На почетокот максимално ќе ви удоволуваат, прифаќајќи ги вашите ставови. Ќе ве уверат дека имате иста смисла за хумор, дека имате исти интереси и дека едноставно си одговарате.
Но, по некое време, кога ќе сфатат дека ве придобиле и дека повеќе не мора претерано да се трудат околу вас, ќе почнат да го покажуваат своето вистинско лице. Но, никогаш нема да ви откријат кои всушност се тие во целост.
Со вас ќе си играат топло-ладно па така по ден полн со љубов и потоа по ден исполнет со незаинтересираност ќе ве држат во постојана жед за нивно друштво.
Кога ќе им здосади поигрувањето со вас, ќе го земат тоа по кое дошле кај вас, без разлика дали станува збор за нешто материјално или за чувства и ќе исчезнат без трага.