вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

ЗА ЖАЛ, МЕРКУР Е ПОВТОРНО РЕТРОГРАДЕН: Овие 5 знаци во мај ќе имаат непредвидени трошоци

ЗА ЖАЛ, МЕРКУР Е ПОВТОРНО РЕТРОГРАДЕН: Овие 5 знаци во мај ќе имаат непредвидени трошоци

Мај носи неколку интересни движења на планетите, а покрај тоа се очекуваат и затемнувања на Сонцето и ретрограден Меркур. Сето тоа значително ќе влијае на секој аспект од животот, а финансиите ќе бидат под посебно влијание следниот месец.

Овен
Во петтиот месец на овните им се советува да внимаваат кога се во прашање финансиите. Без разлика дали менувате сигурна работа за да станете хонорарец или решавате некои стари долгови, ситуацијата ќе изгледа нестабилна. Енергијата ќе ви биде слаба во средината на мај поради затемнувањето на Месечината, но запомнете дека сите неволји ќе поминат наскоро и дека на крајот на месецот се ќе изгледа многу подобро.

Близнаци
Неочекуваните трошоци кои ќе се случат на почетокот на мај ќе ги принудат Близнаците да направат некои финансиски корекции. За среќа, Близнаците обично се опкружени со добри и дарежливи пријатели кои ќе им ги олеснат проблемите со парите. Освен тоа, на крајот на месецот ви се отвораат можности за нови деловни успеси.

Рак
Ракот е уште еден знак дека по сила на околности ќе мора да се справи со непредвидени трошоци, кои во овој случај се поврзани со околината, семејството и пријателите. Важно е да се договорите со блиски луѓе, со кои Раковите имаат врска која вклучува заеднички финансии, за парите да не се мешаат во другите аспекти на врската.

Стрелец
Стрелци, иако финансиите моментално ви се под контрола, во мај ќе добиете чувство дека можете повеќе. Ве советуваме да инвестирате во дополнително образование и вештини кои би можеле да се исплатат пред да знаете.

Јарец
Јарците мора да бидат особено внимателни во мај, бидејќи можно е социјалните и романтичните аспекти од животот да почнат сериозно да влијаат на нивните финансии. Иако работите ќе изгледаат хаотично на почетокот на месецот, што може да доведе до невидени деловни одлуки, ситуацијата ќе се смири по затемнувањето на Сонцето на 16 мај.