недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Имам 46 години и бројни афери со помлади мажи: Го заведов момчето на ќерка ми откако го направи овој скандал

Жена која спие со момчето на својата ќерка признала што направила и се обратила на колумнистка, а се почнало откако го фатила како се самозадоволува.
Имам 46 години и бројни афери со помлади мажи: Го заведов момчето на ќерка ми откако го направи овој скандал

-Имам секс со момче кое е двојно помладо од мене. Сексот е неверојатен, но не е вреден за вината која ја чувствувам. Тој беше момче на мојата ќерка, но веќе не е. Имам 46 години и разведена сум. Имам добра работа и убав дом. Имам исполнет социјален живот со многу пријатели на своите години. Ми недостасуваше само љубов. Без разлика дали има мажи околу мене, водам грижа за својот изглед и често забележувам дека се интересираат мажите.

-Голем проблем е што не забележувам, ниту ме привлекуваат мажи на моите години. Мора да бидат многу помлади од мене. Имав бројни афери со помлади мажи, но тие губат интерес штом добијат што сакаат од мене. Сите се исти и јасно им е дека работите нема да функционираат поради генерацискиот јаз меѓу нас. Сите освен еден. Мојата ќерка во тој период живееше со мене. Има 22 години и се врати после дипломирањето. Нејзиното момче беше една година постари, навистина згодно и ми беше мило поради неа.

Таа вели дека еден ден се вратила од работа порано и го нашла во својата соба како се самозадоволува со нејзината долна облека.

-Требаше да го исфрлам надвор, но наместо тоа го заведов и му покажав што постара жена може. Остана маѓепсан од мене и не се откажа. Знаев дека си играме со оган, но се занесов, се додека мојата ќерка не не фати во тек на секс. Избега плачејќи, се исели и отиде кај пријателка. Нејзиното поранешно момче се уште живее со мене и лудо е заљубен во мене. Сексот е и понатаму одличен, но знам дека е премлад за мене и незрел. Ќерката ми и понатаму не разговара со мене.

Колумнистката и даде совет

-Велите дека ве мачи грижа на совест, па зошто не му кажете да си оди? Сигурно ви е јасно дека нема да се смирите со ќерката додека тој е во вашата куќа. Како вам таква афера со двојно помладо момче може да ви значи повеќе од односот со вашата ќерка? Што ве привлекува кај помладите мажи?

Колумнистката вели дека е и се чини дека постои приказна која не ја раскажала жената.

-Дали сте доживеале некаква траума која влијае на вашите одлуки денес? Немојте да продолжите со тоа деструктивно однесување. Дали сте размислувале за советување со стручни лица? Во меѓувреме, кажете и на ќерката дека ви е жал и ставете и крај на таа бесперспективна врска.