среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Мажите треба да го знаат ова: Жените поради едно нешто го напуштаат човекот којшто го сакаат

Мажите треба да го знаат ова: Жените поради едно нешто го напуштаат човекот којшто го сакаат

Сигурно некогаш сте биле изненадени со одлуката од некој пар да се разведе, особено доколку станува збор за пар којшто навистина се сака и почитува.

Разводите меѓу сопружниците каде има љубов се чести, но никому не му е јасно поради што доаѓа до тоа?

Брачен советник којшто работи и со мажи и со жени низ кризните години, го изнел своето мислење и заклучок зошто доаѓа до крај на бракот меѓу луѓето кои се сакаат.

Додека многу од ситуациите се сложени, постои и многу едноставна вистина која мажите треба да ја знаат: жените ги напуштаат мажите кои ги сакаат.

Се чувствуваат страшно поради тоа. Срцето им е скршено, но тие го прават тоа. Тие собираат храброст и своите ресурси и заминуваат. Жените ги напуштаат мажите кои имаат деца, домови и животни.

Жените заминуваат поради многу причини, но постои една причина која мажите треба да ја сфатат: жените си заминуваат затоа што мажите не се присутни.

Тој работи, игра голф, игра видеоигри, гледа телевизија… Списокот е долг. Во суштина, тоа не се лоши луѓе. Тие се добри татковци, тие го поддржуваат своето семејство. Мили се и симпатични, но не се присутни во животот на жените.

Жените вообичаено велат: „Некој би можел да дојде и да ме освои, без оглед на мојот сопруг“.

Жените сакаат мажите да ги почувствуваат. Не сакаат отсутност или недостаток на сексуални односи. Сакаат да ја почувствуваат страста. Важно е да ја „гледаат“ својата жена, да го „уловат“ нејзиниот поглед, таа да се чувствува сакано.

„Зборувам за пет минути дневно во кои ќе бидеш целосно присутен со жената со која го споделуваш животот. Ќе биде целосно отворен, слушај и гледај без осудување“, изјавил овој брачен советник.