среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Пет реченици кои секој маж сака да ги слушне: Освојте го на едноставни начини

Пет реченици кои секој маж сака да ги слушне: Освојте го на едноставни начини

Иако нема да ви кажат, има одредени работи кои сакаат да ги слушнат

Мажите често ги критикуваат жените дека многу зборуваат, но сепак, има реченици кои сакаат да ги слушнат.

На пример:

Се гордеам со тебе

Мажите сакаат да слушаат пофалби за нивните достигнувања, но тоа никогаш нема да го кажат јавно. Мала пофалба не чини ништо, а многу значи.

Благодарам!

Ако на крајот од хаотичниот работен ден ве пречека ручек, цвеќиња или измиени садови, тоа заслужува искрено „благодарам“, иако е сосема нормално понекогаш домашните обврски да паѓаат на мажот. Веројатно и вие би сакале почесто да кажува „благодарам“ за сè што правите.

Во 8 часот, се гледаме таму!

Не велиме дека жената секогаш треба да ја преземе одговорноста за „состаноците“, но понекогаш може и тоа да се случи. Мажите мислат дека тоа е секси и нема некој кој не би се согласил со тоа.

Мислам дека таа таму те мерка!

Мажите обожаваат да чувствуваат малку љубомора кај својата партнерка, но ова е изјава со која лесно можете да претерате, па бидете внимателни. „Тоа за миг ќе му ја зголеми самодовербата, а исто така ќе му покаже дека сте среќни што е ваш“, заклучиле експертите.

Мислам дека треба да…

Иако веќе не сме деца, убаво е да чувствуваме дека некој се грижи за нас и ни кажува дали треба да направиме нешто или не. Не секогаш, се разбира.