четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

“AI Tech Summit”- Прв меѓународен високо-технолошки самит за вештачка интелигенција во Скопје

“AI Tech Summit”- Прв меѓународен високо-технолошки самит за вештачка интелигенција во Скопје

За прв пат во Скопје, од 29-ти до 30-ти септември 2023 година во салата на Националната Опера и Балет, ќе се одржи водечки меѓународен високо-технолошки самит. Темата на самитот е истражувањето на моќта на вештачката интелигенција и новите технологии.

Светски реномирани експерти за вештачка интелигенција од водечките светски комании како Microsoft, Google, Spotify, BBC, Boston Consulting Group, Wipro, Universal Robots и други, ќе бидат дел од говорниците и панелисти на првото издание на „AI Tech Summit“ во Скопје.

Главни теми кои ќе ги опфати самитот се: Иднината на работата во ера на Вештачка интелигенција, етичките и правните норми и нивна примена, користењето на вештачката интелигенција во индустриите, како и соработката и ко-еволуција на вештачката интелигенција со луѓето за унапредување на човештвото.

“AI Tech Summit“ e во организација на TBM Group, водечка европска компанија за организација на светски реномирани конференции.

За повеќе информации и билети, посетете ја веб страната www.techsummit.ai

Следете го “AI Tech Summit” на социјалните медиуми и поврзете се со светски познати експерти.

Билетите се ограничени. Не пропуштајте ја шансата да ја обликувате иднината. Бидете дел од револуцијата на вештачката интелигенција.