Пред дуелот со камери, безжично полнење, Андроид беше скромен оперативен систем кој се потпираше само на еден телефон- Google-HTC T-Mobile G1,подоцна познат како HTC Dream.
Овој телефон беше претставен на 23 септември 2008 година. Првиот Андроид телефон на светот имаше само една мисија, да му се спротивстави на Ајфон
И успеа.
Телефонот имал 17 mm, екран со ниска резолуција (320×480) и немал виртуелна тастатура, туку истата физички се извлекувала.
HTC Dream исто така имал топче кое служеше како компјутерски глушец и физичка тастатура за навигација.
Во првите шест месеци, продадени биле над милион примероци.
Оперативниот систем на овој телефон го дизајнирал Едни Рубин, а го дистрибуирал Гугл.
Верзијата 1.0 Андроид бил прилично едноставен, но претставувал вистински противник на Ејпл, односно неговиот iOS.