среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Google ги објави најдобрите апликации за Android во 2022 година

Google ги објави најдобрите апликации за Android во 2022 година

Технолошкиот гигант Google ја објави годишната листа на најдобри и најпопуларни апликации и игри за оперативниот систем Android во 2022 година.

За најдобра апликација за 2022 година според уредничкиот тим на Google е избрана Dream by WOMBO – генератор на „вештачка уметност“, во кој само впишувате текст, избирате уметнички стил и добивате готова слика.

Според изборот на корисниците, најдобра апликација за 2022 година е социјалната мрежа BeReal. Се работи за социјална мрежа базирана на спонтаност, која што секој ден, во различно време, испраќа известување до сите корисници да направат фотографија во рок од две минути – без никакви филтри.

Како најдобра апликација за забава е избрана PetStar, која на корисниците им овозможува да создаваат музички видеа со нивните домашни миленици.

Најдобра апликација за личен развој, според Google, е Breathwrk која ги води корисниците низ брзи вежби за дишење, дизајнирани да го ублажат стресот и анксиозноста, да ја подобрат издржливоста, да им дадат енергија и да им помогнат да заспијат.

Како најдобра апликација за секојдневните основни работи е избрана Plant Parent, која на корисниците им помага да идентификуваат растенија, но и да го организираат своето време и активности за како најдобро да ги одгледуваат своите вегетални пријатели.

Како најдобра апликација за добро е избрана The STIGMA App, која на корисниците им овозможува безбеден простор за разговори за своето ментално здравје, доверувајќи се еден на друг и споделувајќи ги своите искуства со одредни недоволно разбрани ментални состојби.

За најдобра мобилна игра според Google и корисниците на Android е избрана Apex Legends Mobile, во која корисниците избираат карактер, се здружуваат со пријатели и потоа се борат против други играчи на даден простор во форма на остров.

Погледнете ја целосната линкувана листа на најдобри и најпопуларни апликации и игри за Android во 2022 година, на следниот линк.