понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Aston Martin го откри најдобриот мотор на светот

Aston Martin го откри најдобриот мотор на светот

Повеќе од две години Aston Martin и Cosworth работат на развој на нов мотор кој многумина веќе го нарекуваат „чудо на техниката“, па дури и најдобриот мотор со внатрешно согорување во историјата.

Бројките, односно перформансите, навистина се импресивни.

6,5-литарскиот V12 мотор, како што е познато, е атмосферски, но затоа дава неверојатна моќност.

Тимот, најверојатно најдобриот на светот, успеа од овој концепт да извлече 1013 коњски сили и вртежен момент од 740 Nm, а наедно да осигура трајност на моторот.

За сето тоа им беа потребни повеќе од 200 килограми, поточно 206 килограми врвни материјали, што е големина на V10 мотор во Ф1 болид.