На 09.10.2023 во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Новаци-Добрушево, во с.Дедебалци, општина Могила, малолетник од с.Дедебалци, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информира МВР.
Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.