четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
илустрација

На 31.10.2023 во 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред крстосница од ул.„Скупи“ и ул.„10“ во с. Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.А.(42) од Свети Николе и мотоцикл „беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Н.(40) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.