недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Млада жена тешко повредена во фабрика во кумановско

Млада жена тешко повредена во фабрика во кумановско

На 28.10.2023 во 00.33 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Брза помош Куманово била донесена повредена А.В.(25) од с.Конопница, кривопаланечко.

-Жената според пријавеното, на 27.10.2023 околу 23.30 часот додека била на своето работно место во фабрика во с.Речица, кумановско била повредена од работна машина управувана од С.П.(50) од Куманово, по што од лекар и се констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.