четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Европската вселенска агенција предлага безжичен пренос на енергија од вселената

Европската вселенска агенција предлага безжичен пренос на енергија од вселената

Европската вселенска агенција планира да ги истражува технологиите потребни за на Земјата да донесеме сончева енергија од вселената преку програмата наречена SOLARIS. Една таква технологија – безжичен пренос на енергија – неодамна беше демонтрирана во Холандија пред публика составена од носители на одлуки од германски компании и од владата.

Демонстрацијата беше одржана во фабриката на Airbus за иновации X-Works во Минхен. Користејќи микробраново емитување зелената енергија беше пренесувана меѓу две точки кои ги претставуваа Земјата и вселената на оддалеченост од 36 метри.

Примената енергија била користена за осветлување на макети од градот, производство на чист водород со разложување на водата и дури и за производство на првото безжично изладено пиво со 0% алкохол во фрижидер пред да се послужи на публиката.

За работната верзија на вселенскиот соларен енергетски систем, сателити за соларна енергија во геостационарна орбита би собирале сончева светлина постојано 24 часа дневно, 7 дена во неделата, а потоа би ја претворале во микробранови со ниска густина за безбедно да се емитуваат до приемни станици на Земјата.

Тоа значи дека сатеилитите би морале да бидат големи, со димензии од неколку километри, за да генерираат енергија колку една типична нуклеарна електрана, а истот важи и за антените на површината на Земјата.

За да се постигне оваа визија потребен е технички напредок во повеќе области, како што е производството во вселената и роботската монтажа, евтините фотонапонски системи со голема ефикасност, електрониката со голема моќност и формирање на радиофреквенциски снопови. Исто така, ќе се направат понатамошни истражувања за да се потврди дека микробрановите немаат негативно влијание на здравјето на луѓето и на животните, како и дека се компатибилни со авионите и сателитите.

Проектот SOLARIS ќе биде предложен пред европското собрание на министри надлежни за прашања за вселената на 22 и 23 декември. Идејата е на земјите-членки да им се овозможи да донесат одлука за идна имплементација на вселенската соларна енергија како нов извор на чиста енергија која ги надополнува постојните обновливи системи за собирање енергија и на Европа да и се помогне да достигне нето нула емисија на гасови до средината на овој век.