вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Фејсбук ги презема првите мерки по скандалот, ова се новините

Фејсбук ги презема првите мерки по скандалот, ова се новините

Фејсбук по извештајот на порталот „Motherboard“, укина голем број страни кои огласувале или продавале броеви на социјално осигурување, адреси, телефонски броеви и наводни броеви на кредитни картички на повеќе десетици лица.

-Објавите кои содржат информации за броевите на социјалното осигурување или кредитни картички на Фејсбук не се дозволено и ние го отстрануваме материјалот кога ќе го откриеме, вели портпаролот на социјалната мрежа.

„Motherboard“ информираше дека хакери огласувале приватни податоци на социјалната платформа и дека Фејсбук со години ги држел тие украдени идентитети.

По оваа објава акциите на Фејсбук паднаа за 3,8 проценти на 159,58 американски долари.