среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Франција наложи запирање на продажбата на Ајфон 12 поради големо зрачење

Франција наложи запирање на продажбата на Ајфон 12 поради големо зрачење

Француските регулатори денеска му наложија на Епл да ја запре продажбата на Ајфон 12 поради емитување премногу електромагнетно зрачење и да ги повлече постоечките телефони.

Француската агенција што ги регулира радиофреквенциите, ANFR, соопшти дека тестирањето покажало дека моделот емитува повеќе електромагнетни бранови подложни на апсорпција од телото отколку што е дозволено. (МИА)