недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Епл“ казнета во Русија поради што не избришала неточна информација за конфликтот во Украина

„Епл“ казнета во Русија поради што не избришала неточна информација за конфликтот во Украина

Судот во Москва ја казни компанијата „Епл“ (Apple) со 400.000 рубљи (околу 3.900 евра) бидејќи не избришала неточна содржина за конфликтот во Украина.

Компанијата „Епл дистрибјушн“ е прогласена за виновна за административен прекршок и ѝ е наредено да плати административна казна од 400.000 рубли, се наведува во судската одлука.

Судската седница се одржа зад затворени врати. Земајќи ги предвид аргументите изнесени од корпорацијата, судот и досуди парична казна под долната граница.

Рускиот медиумски регулатор „Роскомнадзор“ претходно ја извести компанијата дека мора да ги избрише информациите поврзани со „специјалната воена операција“ во Украина, кои имаат за цел да ја дестабилизираат политичката ситуација.

Информациите беа објавени во поткаст на „Епл“.