петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Инстаграм се менува, добива нова опција

Инстаграм се менува, добива нова опција

Инстаграм најави ново ажурирање на корисничкиот профил што ќе им овозможи на корисниците да додадат до пет линкови во нивната биографија. Оваа нова функционалност значи дека помалку корисници ќе мора да користат решенија како Linktree.

Ажурирањето на профилот на Инстаграм го објави лично извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, на 18 април на својот Инстаграм профил. Во кусото соопштение, Закерберг рече дека зголемувањето на лимитот за врски е „веројатно еден од најбараните приговори што ги имале“. Корисниците секогаш бараат одредени работи, па затоа е одлично што Инстаграм ги слуша поплаките на корисниците и им овозможи додавање на повеќе линкови што може да се поврзат со профилот.

Претходно, корисничките сметки или профили можеа да истакнат само една врска. Тој линк, ако бил внесен во профилот, се прикажуваше во сегментот „Bio“ на корисникот. Сега, наместо еден линк, корисниците можат да додадат повеќе линкови со соодветни наслови. Кога другите корисници на Инстаграм ќе кликнат на текстот на врската (под вашата биографија), ќе се појави скокачки прозорец со насловите и врските што сте ги внеле. Со кликнување на врските во овој прозорец ќе се отвори веб-страницата користејќи го прелистувачот Instagram во самата апликација.