Дали враќањето назад во времето е всушност иднината на социјалните мрежи?
Инстаграм, всушност, тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците да додадат песна на своите профили.
Инсајдерот во индустријата Алесандро Палуци беше првиот што ја сподели веста на Твитер, предизвикувајќи носталгични споредби со My Space.
Сепак, функцијата е „внатрешен прототип и не се тестира надворешно“, рече портпаролката на Мета, Кристин Паи во изјавата, според CNET.
Палуци, кој е познат по откривањето нови функции преку обратно инженерство, твитна слики од екранот на потенцијалната карактеристика и како таа би изгледала и функционирала.
Myspace е повеќејазична социјална веб-страница, наменета за вмрежување на членови, основана во 2003 година.
Финансирањето на страницата е овозможено преку реклами.
На таа веб-локација, секој може лесно да го објави својот личен профил, слики, видеа, да напише блог, да додаде свој опис итн. Страницата стана интернет феномен на почетокот на својата работа, таа беше првата социјална мрежа што ја освои целата планета и имаше големо влијание врз технологијата, поп културата и музиката.
#Instagram is working on the ability to add a song to your profile 👀 pic.twitter.com/zX2jIlZLzc
— Alessandro Paluzzi (@alex193a) October 17, 2022