Историски момент: Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за прв пат направи директна слика од планета надвор од нашиот Сончев систем! (ФОТО)
Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ успешно ја направи првата директна слика на планета која орбитира околу ѕвезда надвор од нашиот Сончев систем, соопшти НАСА.
– Користејќи го вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА, астрономите ја направија првата директна слика на планета надвор од нашиот Сончев систем. Таа егзопланета е гасен џин, што значи дека нема карпеста површина и не може да се населува – се наведува во соопштението, пренесе „Спутник“.
Големата егзопланета го добила името „HIP 65426 b“ и има шест до дванаесет пати поголема маса од Јупитер, додава НАСА.
Baby’s first exoplanet capture. 🍼 @NASAWebb took its first direct image of a planet outside of our solar system, roughly six to 12 times the mass of Jupiter.
Peek into future possibilities of studying distant worlds with Webb: https://t.co/4KXMppk66y pic.twitter.com/scShr42E87
— NASA (@NASA) September 1, 2022
Како што е наведено, астрономите ја откриле оваа планета во 2017 година со помош на инструменти на Европската вселенска опсерваторија во Чиле и фотографирале користејќи ултракратки светлосни бранови.
– Погледот на „Веб“ над подолгите инфрацрвени бранови открива нови детали што телескопите на Земјата не можат да ги детектираат – забележува НАСА.
Телескопот „Џејмс Веб“ е поставен во орбитата околу Сонцето на оддалеченост од 1,5 милиони километри од Земјата.