недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Најмоќниот вселенски телескоп подготвен за историски лет, еве што треба да открие

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Најмоќниот вселенски телескоп подготвен за историски лет, еве што треба да открие

Најголемиот вселенски телескоп „Џејмс Веб“ денеска треба да биде лансиран. Вселенскиот телескоп на НАСА вреден 10 милијарди долари ќе биде лансиран на ракетата Ариан-5.

За неговото дизајнирање и изработка потребни биле 30 години, а се смета за еден од најголемите научни потфати на 21 век.

Мисијата на „Џејмс Веб“ е да ги дополни откритијата на вселенскиот телескоп Хабл, на кој по 31 година во орбитата му се ближи крајот.

„Џејмс Веб“ ќе може да види подлабоко во космосот. Целта е да се видат и некои од првите ѕвезди и галаксијата кои се формирале.

Телескопот ќе може да ја испита атмосферата и на одалечените планети за да се види дали има гасови кои може да водат кон присуство на живот.