сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Lamborghini Revuelto „фатен“ на асфалт

Lamborghini Revuelto „фатен“ на асфалт

Новиот Lamborghini Revuelto, како и неговите претходници, е вистински феномен на патиштата, но без соодветни звучни ефекти.

За разлика од својот претходник, Revuelto е вистински plug-in хибрид кој може да вози на струја. Додуша, досегот му е мизерен, но доволно за возачот да се прикраде дома по доцна навечер и на тој начин да не ги разбуди соседите.

Во лов на нов модел, јутјуберот Varryx реши буквално да кампува пред фабриката на Lamborghini. Не мораше долго да чека, но уловот сепак беше скромен. Revuelto сè уште ја носеше маската на предниот дел и возеше во електричен режим кога излезе на асфалтната патека, така што бевме лишени од татнежот на атмосферскиот V12.

Во својата природа, Revuelto сепак ќе го поминува поголемиот дел од своето време во друштво на активен V12, поради неговата мала батерија и минималниот електричен досег. Од друга страна, интересно е да се види новиот Lambo на патиштата – тоа е модел кој е подолг за дури 167 mm од својот претходник.

Ако на сè се додаде доаѓањето на наследникот на Huracan, хибридниот Urus и сосема новиот 2+2 GT, можеме да очекуваме многу интересни новитети од Lamborghini.