петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

И Ламборџини произведува мед и го подарува, ќе погодите ли на кого?!

И Ламборџини произведува мед и го подарува, ќе погодите ли на кого?!

Ламборџини е дефинитивно најпознат по своите суперавтомобили, но има и некои други производи.

Како и многу други производители на автомобили, Ламборџини има споредни бизниси, па дури и произведува и мед, но не го продава.

Во 2016 година, Ламборџини постави пчеларник со околу 600.000 пчели во својот парк. Секоја година компанијата произведува 430 килограми мед, кои потоа им ги подарува на своите вработени за Божиќ.

„Порше“ има нешто слично. Германската компанија поседувала пчеларник со 1,5 милиони пчели, а во текот на првата година произвела 400 килограми мед. Целото количество било распродадено за само неколку дена. Порше тогаш го зголеми бројот на пчели на околу три милиони и денес произведува еден тон мед годишно. Бентли исто така произведува мед во Велика Британија.

„Rolls-Royce“ се занимава со производство на мед и има околу 300.000 англиски пчели. Минатата година, компанијата побара од вработените да волонтираат како пчелари во нејзиното седиште во Гудвуд, Сасекс. Количината на мед произведена годишно од Rolls-Royce е многу помала од онаа што ја произведува Порше.