петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Прилеп почна традиционалниот саем на медот: „Која било цена под 400 денари значи дека е лажен мед“

Во Прилеп почна традиционалниот саем на медот: „Која било цена под 400 денари значи дека е лажен мед“

Од денеска до сабота во центарот на Прилеп, по 14-ти пат се одржува Саем на медот што го организира прилепското здружение на пчелари „Братство“. На саемот се изложени повеќе пчелни производи.

За пчеларите годинава е просечна, ама проблемите остануваат. Глвно климатските промени, а намалувањето на сточарството со годините го преполови производството на мед во земјава.

-Оваа година беше просечна за производството на медот. Се одразија пролетните обилни дождови, а потоа и топлотниот бран. Сепак е задоволителна година, зашто имало и многу лоши периоди. Многу се одразуваат временските неприлики и флората и фауната. Со намалувањето на сточарството, се намалува количински и производството на мед, како што се уништува сточарството се уништува и медоносната трева. Една од причините е и уништувањето на шумите. Појасите од багреми се намалуваат, се помалку се сеат репи, сончогледи кои го зголемуваат приносот. Со годините, за 50 насто е намален родот, изјави Дејан Бошкоски, претседател на прилепското здружение на пчелари „Братство“.

За пчеларите најголем проблем останува нелојалната конкуренција и увозот на „лажен“ мед. Сметаат дека нема доволна контрола,а намаленото производство влијае да се има организиран извоз.

– Внесот во државава на неквалитетен, „лажен“ мед негативно се одразува на медопроизводството. Се увезува од други земји, со гликози е од и генетски модифицирани производи. Недоволно се контролира, и од царината и од инспекциските служби што се увезува. Организиран извоз немаме зашто и количински не задоволуваме за да го извеземе. Недостасуваат младите пчелари, зашто повеќето се возрасни. како здружение се трудиме да ги вклучиме, но нчесто неисплатливоста ги разубедува и мора да имаат и друга дејност, смета Бошкоски.

Пчеларите не се откажуваат да го унапредат производството и да се живее од пчеларството.

-Јас сум млада пчеларка. Наследив од татко ми и од дете сум со пчелите и со производството на мед. Имаме 25 пчелни семејства, настојуваме да ги зголемиме. На потрошувачите им велам да внимаваат каков мед купуваат. А има интерес за чист мед, рече Флорина Бошкоска, млада пчеларка од Прилеп.

– Ја зголемуваме понудата и на пчелни производи и услуги. За квалитетно и поголемо производство ги преселуваме кошниците на побогати медоносни пасишта. Но има и ризик. Еве годинава мечка ми уништи две кошници, што не се случило досега, вели искусниот пчелар Зафир Зафироски.

Во Прилеп се околу 200 пчелари, повеќе од половината се членови на пчеларското здружение „Братство“. Инаку,во Прилеп медот се продава од 600 денари па и повеќе за еден килограм. За пчеларите која било цена под 400 денари значи дека е лажен мед. (МИА)