понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Мистериозна ракета се заби во Месечината, астрономите и НАСА шпекулираат што би можело да биде

Мистериозна ракета се заби во Месечината, астрономите и НАСА шпекулираат што би можело да биде

НАСА сè уште шпекулира што би можело да биде, а една теорија е дека најверојатно станува збор за кинеска ракета лансирана во 2014 година.

Сè уште неидентификуваното вселенско летало остави чуден двоен кратер што ги збунува научниците.

Сликите од местото на несреќата беа направени од лунарниот извидувачки орбитер на НАСА (LRO) на 25 мај и објавени на 24 јуни. Американскиот астроном Бил Греј првично шпекулираше дека најверојатно се работи за удар на ракетата Flacon X лансирана во 2015 година од SpaceX на Илон Маск.

Сепак, подоцнежните анализи покажаа дека објектот што ја погоди Месечината е кинеска ракета Chang’e 5-T1 лансирана во 2014 година, иако кинеските власти тврдат дека објектот изгорел во атмосферата на Земјата пред неколку години.

Универзитетот во Аризона известува дека најмалку 47 летечки објекти се урнале во Месечината до денес, но она што е особено изненадувачки за овој настан е двојниот кратер што го направил странскиот објект.

Научниците сè уште се обидуваат да утврдат како настанал двојниот кратер. Се чини дека објаснувањето може да биде дека кратерите се создадени од парчиња отпад.