Гугл ги предупреди корисниците на уреди со Андроид, особено оние кои сакаат да играат игри на своите телефони, на ризичниот тренд кој во последно време е сè поприсутен во продавницата за апликации Гугл Плеј.
Имено, во популарната продавница се појавија неколку апликации, кои наводно служат како емулатори за популарните игри на PlayStation 3 и PlayStation 4.
Сепак, оние што мислат дека навистина ќе можат да уживаат во легендарните хитови на PlayStation на нивните телефони – ќе бидат измамени.
Таквите апликации се лажни, пишува Android Authority и потсетува дека единствените вистински емулатори на игри за претходните генерации на конзолите на Сони, постојат за платформите Виндоус и Линукс.
Креаторите на овој лажен софтвер, со овие „апликации“, со измама „заработуваат“ кликови на официјалната платформа на Google.
Апликациите, сами по себе, не претставуваат закана засега, но тие можат во секој момент да станат дел од поопасен малициозен софтвер, за чија дистрибуција може да се користат. Токму тоа се случи по премиерата на играта Fortnite за Android, потсетува британски Express.