вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

По падот на Фејсбук, богатството на Цукерберг се топи: 7 милијарди долари отидоа во еден момент

По падот на Фејсбук, богатството на Цукерберг се топи: 7 милијарди долари отидоа во еден момент

Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг сега е на петтото место на листата на милијардери на Форбс, а неговото богатство се топи речиси во реално време.

Тој само за неколку саати изгубил 6,6 милијарди долари поради престанокот со работа на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап.

Да потсетиме, популарните апликации на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап престанаа да работат нешто пред 18 часот. Ова е еден од најголемите и најдолгите прекини на нивната работа откако тие постојат. Од Фејсбук, тие објавија дека работат на решавање на проблемот.

Освен апликациите, и десктоп верзиите на трите апликации не се достапни. Корисниците на Твитер најавуваат дека три апликации, сите во сопственост на Фејсбук, престанале да работат, односно дека нивните страници не можат да се вчитаат или освежат.

По падот на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп, се појави информација дека личните податоци на повеќе од 1,5 милијарди корисници на Фејсбук се продаваат на хакерски форуми, што ќе им овозможи на сајбер криминалците и огласувачите да влијаат на корисниците на Интернет на глобално ниво.