недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Погледнете како кучето робот „Спот“ бара преживеани во урнатата гаража во Њујорк (ВИДЕО)

Погледнете како кучето робот „Спот“ бара преживеани во урнатата гаража во Њујорк (ВИДЕО)

Четирикатна гаража се урна во вторникот на Менхетн во Њујорк во близина на Универзитетот Пејс, усмртувајќи најмалку еден работник и повредувајќи уште пет лица.

Пожарникарите во Њујорк го активирале кучето робот и го пратиле меѓу урнатините на гаражата на Менхетн. Неговата задача е да пронајде преживеани, но и да го процени уништувањето поради кое загинал еден работник, а повредени се уште пет лица.

Кучето наречено Спот го користат наместо пожарникари бидејќи структуралниот интегритет на речиси 100 години старата зграда е оценет како небезбеден, соопштил одделот.

„Фала му на бога што имаме роботско куче кое може да влезе во зградата. Тоа е идеално бидејќи не можеме да пратиме човек во зградата која е нестабилна“, рекол градоначалникот Ерик Адамс.

Видеото направена на местото на настанот го прикажува Спот, роботот вреден речиси 75.000 долари, како се движи кон урнатините и паѓа на страна откако се обидува да се качува по градежниот отпад.

Пожарникарите го набавиле Спот, тежок нешто повеќе од 30 килограми, минатата година за мисии за потраги и спасување, а го создал „Boston Dynamics“. Од тогаш, кучето добило ново „точкасто“ руво поради кое потсетува на далматинец.

„FDNY“ не е единствениот оддел кој користи механички кучиња како што е Спот. Имено, „NYPD“ составила роботска K-9 единица од три кучиња на далечинско управување со име „Digidogs“, објави Адамс минатата недела.

„”Digidog“ сега е дел од алатот кој го користиме“, рекол тој на прес-конференција.

Потсетуваме, четирикатната паркирана гаража се урна во вторникот на Менхетн во Њујорк во близина на Универзитетот Пејс, усмртувајќи најмалку еден работник и повредувајќи уште пет лица.