Швајцарската радио станица „Couleur 3“ денеска почнувајќи од 6 часот наутро емитува целодневна програма направена целосно од вештачка интелигенција, објави станицата на Твитер, јавува Радио Слободна Европа.
„Денес нема да ги слушнете вистинските водители на ‘Couleur 3’. Роботите го зазедоа студиото и нивниот глас“, напишаа тие на Твитер.
Aujourd'hui, vous n'entendrez pas les vrais animateur.rice.s de Couleur 3. Les robots ont pris possession du studio et de leur voix 🎙🤖 #Ai #IntelligenceArtificielle
— Couleur3 (@Couleur3) April 27, 2023
Од овој експеримент исклучени се само вести, соопшти радио станицата.
Програмата на музичкиот канал кој е под јавниот швајцарски радиодифузер РТС на француски јазик е произведена со помош на алатката „ChatGPT“, која предизвикува различни коментари во јавноста од крајот на минатата година.
На водителите претходно им беше клониран гласот и беа искористени за интервјуа со клонирани гласови на поранешните американски претседатели, меѓудругото Барак Обама и Доналд Трамп.