недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се затвора руското радио „Ехо на Москва“, критички настроено кон Владата

Се затвора руското радио „Ехо на Москва“, критички настроено кон Владата

Популарното радио „Ехо на Москва“ (Ekho Moskvy), што е критички настроено кон Владата, ќе биде затворено. Информацијата ја објави денеска, главниот и одговорен уредник, Алексеј Венедиктов.

Неговата објава уследи по одлуката на одборот на директори на станицата.

Радиото беше критично во своето известување за руската инвазија на Украина.