петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Снимки од вселената направени со десет милијарди долари вреден телескоп

Снимки од вселената направени со десет милијарди долари вреден телескоп

Вселенскиот телескоп „James Webb“ е лансиран пред точно една година, на католички Божиќ. Биле потребни три децении за планирање, проектирање и изградба на овој десет милијарди долари вреден телескоп кој треба да даде досега невиден увид во вселената.

Многумина се прашувале дали може овој наследник на славниот вселенски телескоп „Hubble“ навистина да ги оправда очекувањата. Моравме да почекаме неколку месеци додека неговото епско примарно огледало од 6.5 м да биде активирано и фокусирано, а останатите системи се тестирани и калибрирани.

Првата работа која треба да ја знаете за „James Webb“ е дека е инфрацрвен телескоп. Го гледа небото на бранови должина на светлина кои се надвор од тоа што нашите очи можат да го видат.

Астрономите ги користат неговите различни камери за истражување на делови од вселената, како кули од гас и прашина.