Марк Закерберг го потврди воведувањето на WhatsApp Communities, најновата карактеристика на апликацијата која служи како надградба на Groups.
– Денес започнуваме Communities на WhatsApp. Воведуваме и анкети и видео повици во кои можат да учествуваат 32 лица. Вашите пораки остануваат приватни, напиша Закерберг на Фејсбук.
Имено, Communities се наменети за организирање на повеќе групни разговори на едно место. На пример, училиште, населба или канцеларија може да се поврзат со неколку различни разговори. Администраторите потоа можат да испраќаат пораки до сите во таа заедница. Новата функција ќе им овозможи на корисниците да креираат и да учествуваат во анкети. Функцијата ќе се појави како јазиче на врвот на апликацијата.
За разлика од групите на Фејсбук, заедниците на WhatsApp не се јавни или не се пребаруваат – сè работи преку покани.
Заедниците на WhatsApp за прв пат беа објавени во април и всушност се Фејсбук групи спакувани во WhatsApp.