среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

4 ПРИЧИНИ ДА ПРОШЕТАТЕ ВО ШУМА ОВАА ЕСЕН: Јапонците развиле посебна техника на лечење, почувствувајте ги и вие нејзините бенефити

4 ПРИЧИНИ ДА ПРОШЕТАТЕ ВО ШУМА ОВАА ЕСЕН: Јапонците развиле посебна техника на лечење, почувствувајте ги и вие нејзините бенефити

Дали некогаш сте забележале, кога шетате во шума или парк, колку подобро се чувствувате потоа? Тоа е затоа што дрвјата се лековити и на многу начини. Прошетката во шума е особено убава наесен, кога природата се менува и ни ги подарува најубавите бои. Еве како шетањето во природа придонесува за нашето здравје:

1. Го намалува нивото на кортизол

Растенијата ослободуваат монотерпен, супстанца која помага да се намали стресот и да се нормализира крвниот притисок, со позитивен ефект врз нашиот одбранбен систем. Уште од античко време во Јапонија знаеле за овие ефекти на растенијата, затоа редовно се практикува шумска терапија, т.е. shinrin-yoku, „шумско капење“. Станува збор за тивка прошетка низ шумата додека ја апсорбираме природата околу нас со сите наши сетила, нејзините звуци, мириси, бои и живописна биолошка разновидност. Шумската терапија особено се препорачува за луѓе кои страдаат од депресија, анксиозност, луѓе кои се под зголемен стрес со цел да се намали нивото на стрес хормони, кортизол…

2. Го зајакнува респираторниот систем

Додека шетаме низ шумата, особено зимзелената шума, вдишуваме фитонциди – есенцијални масла што ги ослободуваат дрвјата. Тие го подобруваат квалитетот на воздухот и на тој начин имаат корист за нашето тело. Пациентите кои страдаат од болести на респираторниот систем имаат особени придобивки од оваа терапија. Дишењето има и смирувачка функција, го намалува отчукувањата на срцето, ја враќа рамнотежата и го намалува стресот. Донесете ќебе или подлога, пријатно и медитирајте додека дишете во чистиот шумски воздух.

3. Ги враќаме телото и духот во рамнотежа

Прошетката во шума и контактот со природата има и важен емотивен ефект: кога ќе ги набљудуваме промените што ги претрпува вегетацијата во есен, не можеме да останеме имуни на сета таа убавина. Ова нè поттикнува малку да размислиме, да се фокусираме на убавите работи што ги имаме овде пред нас, во сегашноста… Некако повторно да го откриеме чудото. На овој начин, телото и духот ги враќаме во рамнотежа.

4. Го ослободуваме умот

Есента е време на промени, а одењето во природа во моментот на нејзината трансформација има важна симболична вредност – како што лисјата паѓаат за да им отстапат место на цвеќињата и новите, бујни и млади лисја во пролетта, така учиме дека минувањето едно значи да се направи простор за новото, уште поубаво што допрва не чека. Ако моментално сте окупирани со проблеми, прошетајте во парк или шума, ќе видите како сите ваши грижи веднаш ќе станат помали и што е најважно, минливи.