Секоја жена ќе признае дека целулитот е еден од најголемите непријатели.
За да го спречиме пиеме многу вода, вежбаме и внимаваме што јадеме, но прибегнуваме и кон разни третмани за што побрзо да се ослободиме од него.
Да појасниме, целулитот е резултат на прекумерна акумулација на маснотии во сврзното ткиво, што доведува до брановидни вдлабнатини на кожата кои личат на кора од портокал. Најмногу се појавува на бутовите, колковите, задникот и стомакот и за некои, може да им изгледа многу непривлечно.
Ако не сакате да дојдете до таа ситуација, или пак сте подложни на неа, подолу се совети како да го спречите ширењето на целулитот, но и како природно да го отстраните. Се што ви треба е кокосово масло, кое можете да го користите на пет начини.
1. Конзумирање кокосово масло
Можете да пиете две лажици кокосово масло на ден пред тренинг или да го користите во готвењето.
Ќе го стимулира природниот процес на согорување на маснотии во телото и ќе помогне да се елиминира целулитот.
2. Локална апликација на области погодени од целулит
Овој начин е и најлесниот начин да се ослободите од целулитот“.
Секојдневно масирајте кокосово масло на делови од телото погодени од целулит. Кожата ќе го апсорбира и ќе ги разгради масните наслаги во клетките. Исто така, кокосовото масло ја храни кожата и ја прави помека и помлада.
3. Суво четкање
Ова е многу популарен метод каде кокосовото масло се втрива и потоа се четка со сува четка.
Нанесувањето на кокосово масло веднаш по топол туш и потоа триење на кожата со четка го стимулира лимфниот систем на телото. За побрзи резултати, изберете природна четка и избегнувајте да ги користите оние направени од вештачки влакна.
Овој метод, освен што ги елиминира токсините и насобраните масти, помага да се ослободите од сувата кожа на колената, лактите и зглобовите, обезбедува позатегната кожа и подобар проток на крв.
4. Комбинација со кафе
Познато е дека кафето е одлично за ослободување од целулитот, но кога се комбинира со кокосово масло е вистинската добитна комбинација.
Измешајте кокосово масло со зрна кафе и направете паста. Грубата и сирова текстура на кафето ќе делува како пилинг, отворајќи ги затнатите пори, додека кокосовото масло ќе обезбеди соодветна хидратација на кожата. Чувајте ја оваа смеса во стаклен сад и загрејте ја пред употреба. По триење, исплакнете по 15 минути.
Оваа мешавина, исто така, го стимулира правилниот проток на лимфа/крв во телото. Употребата на топло кокосово масло за да се направи оваа смеса е добра идеја.
5. Се меша со есенцијално масло
Дали знаевте дека мешањето на есенцијално масло и кокосово масло може да помогне да се ослободите од целулитот?
Направете мешавина од овие две состојки и нанесете на делот од кожата што е погодена од целулитот. Утврдено е дека мешавините на есенцијални масла прават чуда во растворање на вишокот маснотии под слоевите на кожата.
Секако, паралелно со употребата на кокосовото масло треба да се грижите за исхраната и да пиете многу вода – само користењето на кокосово масло нема да направи разлика доколку не следите здрав начин на живот.