Овој едноставен рецепт носи освежителен десерт кој ја комбинира слаткоста на бананите и кремастата текстура на кокосовото млеко… Уживајте!
Состојки:
четири зрели банани
400 мл кокосово млеко
две лажици мед
прстофат сол
лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Излупете ги бананите, исечете ги на парчиња и ставете ги во замрзнувач да се стегнат. Потоа ставете ги во блендер, додадете го кокосовото млеко, медот, солта и ванилата. Мешајте додека не се добие еднолична смеса. Префрлете во пластичен сад и ставете го во замрзнувач да се излади и да се стегне.
Уживајте!