Пирамидите лоцирани во Гиза се секако една од најпознатите градби на сите времиња. Тие се наоѓаат на само петнаесет километри од Каиро, а се единствените од списокот на антички светски чуда што можат да се видат денес. Најпозната меѓу нив е Кеопсовата пирамида, а ова се некои работи за неа кои можеби досега не сте имале шанса да прочитате…
Изграденa за време на владеењето на Кеопс
Не се бунете ако некаде прочитате дека била изграден во времето на Куфу, имајќи предвид дека Куфу и Кеопс се всушност една иста личност. Многу брзо по добивањето на власт, Кеопс изградил пирамида во која ќе биде погребан, која по повеќе од 4 и пол илјади години стои и денес. Исто така, помалку е познато дека другите две пирамиди, Кефреновата и Микериновата, исто така биле изградени од Кеопс. Пирамидите и денес изгледаат импресивно и после толку години, иако секако, на нив може да се забележи забот на времето, па така страните на пирамидата долго време не биле целосно мазни како кога била завршена изградбата.
Се градeла повеќе од 20 години
Биле потребни околу 20 години за да се заврши Големата пирамида. Грчкиот историчар Херодот тврди дека за работата биле потребни 100.000 работници, но неодамнешните докази покажуваат дека за работата била потребна работна сила од најмногу 40.000 луѓе. Има значителна дебата за тоа како биле изградени пирамидите и дали работниците биле робови или квалификувани работници, како и колку биле потребни за изградба. Едно нешто што се чини дека е решено во последниве години, а тоа е фактот дека работниците најверојатно биле платени, а не робови, како што се мислело многу години.
За изградба требало над 2 милиони камени блокови
Египетскиот споменик се состои од околу 2 и пол милиони камени блокови. Проценките за количината на употребените материјали се 5 милиони тони варовник и 8.000 тони гранит. Методот што се користел за транспорт и поставување на блоковите е уште еден извор на дискусија меѓу експертите. Камењата најверојатно биле влечени по песокот и подигнати со помош на систем од јажиња или туркани на рампи кои биле подмачкани со вода за да се спречи триење. За да ги донесат камењата на градилиштето, ги носеле на чамци покрај Нил и евентуално ги турнале низ пустината со „машина“ измислена за таа цел.
Речиси 4 илјади години највисоката зграда во светот
Пирамидата е импозатна градба, а цели 3.800 години била највисоката градба направена од човекот. Висината на пирамидата е 146 метри, а во 1300 година од н.е. ја „симнала“ од тронот катедралата во Линколн, Британија, која е висока 160 метри.
Неколку пати била ограбена
Иако пирамидата ја открил британскиот истражувач Вилијам Петри, во неа влегле „непоканети“ гости многу пред него. Имено, неколку пати ја посетиле разбојници. Треба да се каже дека грабежот бил вообичаена појава во древниот Египет, поради одмазда, за време на економски тешкотии или од роднините на починатиот. Кралевите се сметале за инкарнација на богот Хорус, па затоа потомците на мртвите кралеви ги гледале предметите од гробниците како свои и не размислувале два пати да „позајмат“ вредни предмети од нив.