петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Бајден беше единствен кој дојде со „блиндиран ѕвер“ на погребот на кралицата, дали сте се запрашале како лимузината пристигнала во Лондон? (ВИДЕО)

Бајден беше единствен кој дојде со „блиндиран ѕвер“ на погребот на кралицата, дали сте се запрашале како лимузината пристигнала во Лондон? (ВИДЕО)

Минатиот понеделник се одржа погребот на кралицата Елизабета втора, а главна тема во светските медиуми беше веста за доаѓањето на американскиот претседател Џо Бајден со неговата блиндирана лимузина.

На момент неговиот автомобил заглави во толпата, па тој и првата дама на САД мавтаа насмеано на насобраните луѓе.

Повеќе од 500 шефови на држави и достоинственици пред седум дена дојдоа во Вестминстерската опатија за да ѝ одадат почит на кралицата, а многумина од нив отпатуваа до црквата со специјални автобуси за да го избегнат сообраќајниот метеж, но американскиот претседател доби специјална дозвола од Стејт департментот да присуствува на погребот со неговата лимузина отпорна на куршуми.

Инаку доколку некој се прашувал како таа цела „колона“ на возила и „армија“ на луѓе пристигнува некаде каде што е претседателот, во случајот во Лондон на погребот на кралицата Елизабета, сега ќе ви стане јасно.

На Јутјуб се појави видео како се превезува целиот тој конвој, технички апарати, луѓе и автомобили – а сето тоа се превезува со авион, уживајте во нешто што никогаш нема да ви падне на памет дека можело да се прави.