Научници на НАСА сметаат дека вонземјани најверојатно веќе ја имаат посетено Земјата, но дека луѓето не ги забележале бидејќи се „неверојатно мали“.
Доктор Силвано П. Коломбано, научник на НАСА, смета дека вонземјаните изгледаат многу поразлично од луѓето и која било друга форма што ни е позната нас, како и дека имаат технологија што ние не можеме ни да ја замислиме.
Тој исто така вели дека вонземјаните имаат способност за интерстеларно патување низ вселената.
Ваквата изјава следи откако НАСА почна да го скенира универзумот за цивилизации како дел од програмата „Потрага по вонземска интелигенција“.
„Едноставно сакам да го истакнам фактот дека можеби, ако успееме да ги најдеме или тие нас (ако веќе нѐ немаат најдено), дека можеби ја немаат нашата структура и градба“, вели Коломбано.
Тој смета дека денес научниците се премногу фокусирани на тоа да најдат знаци на современа технологија на други планети, а ризикуваат да ги пропуштат сигналите на цивилизации што се многу постари од Земјата.