среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Девет милиони прегледи: Ова куче го воодушеви интернетот со трикот кој го научило

Девет милиони прегледи: Ова куче го воодушеви интернетот со трикот кој го научило

Додека многу сопственици на кучиња се мачат со одржување на хигиената на своите миленици и просторот во кој престојуваат, уредниот Марсело од расата Кане Корсо поставува нови стандарди во кучешкиот свет.

Сопственичката на Марсело, Миа, на својот профил на ТикТок споделила видео кое прикажува неверојатен трик кој го научил нејзиниот миленик. Секогаш кога ќе се напие вода, Марсело ја потпира муцката на пешкирот кој се наоѓа покрај неговиот сад, за да не остава мокри траги низ куќата.

Видеото на Миа го прегледале повеќе од 9 милиони корисници на ТикТок, а некои од нив оставиле и коментари.

“Како да му ги пратам ова видео на своето куче?”, “Немам куче. Дали го изгледав ова видео 20 пати? Да”, “Ова е преслатко”, “Ќе им го пратам ова на мојот сопруг и децата”, се само некои од коментарите под видеото.

@miaandmarcello got drying the mouth down✔️#fypシ #canecorso #doglovers #foryou #foryoupage #dogsofttiktok #fyp ♬ original sound – miaandmarcello