Твенти сенчури фокс (20th Century Fox), еден од најпознатите брендови во историјата на филмската ТВ индустрија веќе не постои, откако сопственикот, компанијата „Волт Дизни“, објави дека од денеска ќе се вика само „Твенти телевижн“ (20th Television).
Овој потег се случи откако Дизни претходно го исфрли името Фокс од сите свои филмови на 20th Century Fox во јануари. Дизни минатата година склучи договор вреден 71 милијарда долари и го купи имотот на Фокс.
.- Познатото лого и насловна картичка, на којашто зборовите 20th Television поставени над рефлектор, ќе останат исти освен што зборовите „century’“ и „fox’“ ќе ги нема. Новите имиња и логоа на нашите студиа означуваат нов ден за „ABC Signature“, „20th Television“ и „Touchstone Television“ и во исто време се оддава почит на нивната богата историја и креативна моќ на компанијата „Волт Дизни“, рече претседателот на телевизиските студија Крег Ханегс.
Новото лого и графика ќе се појават во новите епизоди на оваа ТВ куќа, кои ќе започнат да се емитуваат наесен.
Постарите наслови, кои веќе се емитуваа, ќе го задржат своето поранешно лого и име.