понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Додека се породувала нејзиното момче ја изневерувало – кога дознала со кого останала во неверување, нив ниту Бог не може да им прости

Додека се породувала нејзиното момче ја изневерувало – кога дознала со кого останала во неверување, нив ниту Бог не може да им прости

Речиси да не постои полоша ситуација од онаа во која едниот партнер го изневерува другиот, но доколку мислевте дека нема полошо од тоа се лажете, има и тоа доколку изневерувањето е со оваа личност.

Оваа судбина ја снашло Британката Алиса Мае Харисон (21) која ги шокираше следбениците на Тик-Ток раскажувајќи како пред три години поранешното момче Рајан кој е татко на нејзиното сегашно дете ја изневерил, но не ни можела да претпостави со кого.

Нејзината исповед ја прегледале дури 12 милиони луѓе, а деталите се раскажани во целост:

Парот бил во врска седум години, а еден без друг не можеле да издржат ниту неколку часа.

Рајан по некое време започнал да ја изневерува својата девојка, но таа му простувала, верувајќи дека ќе се промени.

-Знаеше да плаче и да ме моли да не одам, се присетува Харисон.

Почетокот на февруари 2018 година, Алиса добила силни породилни болки, неколку пати вели се обидела да го добие Рајан, но тој не се јавувал. Кога конечно се слушнале и рекол дека нешто му излегло и дека нема да пристигне на породувањето.

-Неколку часа подоцна дојде да го види бебето и мене, изгледаше нормално и ништо не ми беше чудно, вели Алиса.

Таа додава дека хаосот настанал две години подоцна кога нејзината сосетка и го открила неверството.

-Сосетката ми рече дека е потребно нешто да ми покаже. Имаше видео снимка од камерата пред мојот дом на која се гледа како мојата мајка неколку пати доаѓа и си оди додека бев во болница, што ми беше многу чудно, вели таа.

Додава дека поради големите сомневања ангажирала приватни детективи, за да на крајот откријат преку пораките дека нејзината мајка и нејзиното момче биле во љубовен занос и тоа на денот на нејзиното породување.

По ова таа го избркала од станот таткото на нејзиното дете, а мајка и не сака да ја види никогаш во животот.

Тоа како што вели и била најдобрата одлука во животот. Со тоа се сложија и нејзините следбеници на Тик-Ток чија приказна ги шокираше.