понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ТРАГЕДИЈА: Поранешна светска шампионка починала за време на породување! (ФОТО)

ТРАГЕДИЈА: Поранешна светска шампионка починала за време на породување! (ФОТО)

Поранешната светска шампионка Тори Бови почина пред речиси два месеци, а денеска американските медиуми објавија дека причина за нејзината смрт е предвремено породување.

Американката била во осми месец од бременоста, а контракции добила во нејзиниот дом, по што ѝ немало спас, а притоа починало и бебето, објави „РТЛ“.

Во текот на кариерата освои голем број медали во различни натпреварувања, а меѓу нив се и два златни медали на Светското првенство во Лондон во 2017 година.