вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Главниот технички директор заминува од Мерцедес

Главниот технички директор заминува од Мерцедес

Главниот технички директор на Мерцедес, Мајк Елиот, по завршувањето на сезоната ќе го напушти тимот, потврдија од Мерцедес.

„После 11 неверојатни години, главниот технички директор Мајк Елиот одлучи да го напушти тимот. Мајк беше еден од столбовите на достигнувањата на тимот и му благодариме за се што донесе во тимот. Му посакуваме многу среќа во твоето следно поглавје Мајк“, објави Мерцедес.

Елиот, кој ги замени позициите со сегашниот технички директор Џејмс Алисон како дел од реструктуирањето на тимот пред Големата награда на Азербејџан во април, го напушта Мерцедес, каде што работи од 2012 година.

„Една од најголемите привилегии во мојата кариера беше да се биде дел од овој тим на Мерцедес. За време на мојот мандат видов дека расте од група луѓе кои се собраа да победуваат на трки, до прва шампионска титула, до рекордни осум последователни конструкторски титули. Горд сум што придонесов за тоа“, рече Елиот (49).