четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хамилтон казнет со 25.000 долари по Големата награда на Катар

Хамилтон казнет со 25.000 долари по Големата награда на Катар

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е казнет со 25.000 долари по трката од Формула 1 шампионатот возена вчеравечер за Големата награда на Катар поради небезбедно минување на патеката.

На почетокот на трката Хамилтон се судри со својот тимски колега Џорџ Расел. Откако го напушти болидот, британскиот возач ја помина патеката за да влезе во боксот. И покрај фактот што Хамилтон го направи ова во време кога останатите болиди веќе поминаа покрај него, сепак постоеше одредена опасност – бидејќи Луис ја помина патеката неколку секунди пред неговиот тимски колега Џорџ Расел да се врати на патеката по застанувањето во боксот.

Стјуардите решија да му издадат официјално предупредување на Хамилтон и да му изречат казна од 25 илјади долари.  (МИА)