вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Одложено ЕП во ватерполо во Израел

Одложено ЕП во ватерполо во Израел

Европското првенство во ватерполо кое идниот јануари требаше да се одржи во израелскиот град Нетанија е одложено, објави синоќа Европската организација во водени спортови (ЛЕН).

“По неодамнешните терористички напади во Израел и по опсежни состаноци меѓу ЛЕН и израелската ватерполо Федерација, двете институции се согласија дека ќе биде невозможно да се нагости ЕП во ватерполо во Нетанија од 3 до 16 јануари 2024 како што беше планирано, се наведува во соопштението.

Истакнувајќи дека новиот термин и локацијата дополнително ќе бидат прецизирани, ЛЕН изрази остра осуда на терористичките напади во Израел.

“Уште еднаш остро ги осудуваме одговорните за терористичките напади во Израел и ја изразуваме нашата поддршка и сочувство до израелските граѓани во овие тешки моменти”, порача ЛЕН.

Европското злато го брани Хрватска која лани во финалето во Сплит беше поуспешна од Унгарија.