петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дознајте зошто боите на семафорите се црвена, жолта и зелена иако порано се користела и белата

Дознајте зошто боите на семафорите се црвена, жолта и зелена иако порано се користела и белата

Црвеното светло на семафорот значи дека треба да застанеме, додека зеленото е сигнал дека може да ја преминеме улицата или да продолжиме да возиме. Жолтата сигнализира дека треба да бидеме внимателни бидејќи семафорот ќе се менува меѓу другите две бои. Но, зошто токму овие бои се избрани да бидат на семафорите, а не некои други како на пример виолетова, сина…?

Семафорите постоеле многу пред појавата на автомобилите. Тие првпат биле користени за давање сигнали на возовите во 19 век. Уште во тоа време црвеното сигнализирало дека треба да се застане. Зелената, не сигнализирала дека треба да се продолжи, туку значела претпазливост, додека белата ја имала улогата што ја има зелената денес.

Ова им правело големи проблеми на машиновозачите бидејќи белата боја на хоризонтот ноќно време не се разликувала многу од ѕвездите. Поради оваа причина, железничките компании одлучиле дека зелената треба да биде она што ќе сигнализира безбедно поминување, што останало до ден денес.

Што се однесува до црвената боја, таа практично секогаш сигнализирала опасност, многу пред модерниот сообраќај. Поради тоа што е боја со најдолга бранова должина, најлесно се разликува од далечина.

Жолтата, од друга страна, има бранова должина помеѓу црвената и зелената, па затоа е идеална како симбол на претпазливост.