среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Другите народи купуваат брашно и средства за дезинфекција, Данците прават залихи со секс-играчки

Другите народи купуваат брашно и средства за дезинфекција, Данците прават залихи со секс-играчки

Поради вонредната состојба и препораките луѓето да останат дома, во Данска е забележена зголемена продажба на секс-играчки.

-Многу сум задоволна што во овие тешки времиња, кога луѓето се чувствуваат многу ранливи, ние правиме нешто добро и корисно, смета Матилде Мацковски, сопственичка на Синфул – најголемата малопродажна мрежа на секс-играчки во нордиските земји.

Според нивните податоци, во првата недела од април, продажбата на секс-играчки во Данска се зголемила за 110 отсто. Проценките говорат дека на оваа земја отпаѓаат три четвртини од вкупниот пазар.

Мацковски вели дека минатата недела забележале најголем скок во продажбата.

-Во првите три недели, откако беше прогласена задолжителна изолација на 11-ти март, ние сите по малку испаничивме и наш приоритет првично беа тоалетната хартија, пастата за заби и храната, вели таа.